Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави денеска оти Ерлинг Халанд има квалитет да и помогне на екипата да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ), но оти норвешкиот напаѓач тоа не може сам да го стори.
Халанд ова лето се пресели од Борусија Дортмунд во Сити и во првите шест натпревари во Премиер лигата постигна десет голови. Досегашниот ефект на Халанд во ЛШ е 23 голови на 19 натпревари.
-Сите играчи кои ги донесовме ова лето дојдоа за да ни помогнат да бидеме подобри, во спротивно не би имало смисла. Дали таа помош ќе ни помогне да ја освои ЛШ? Не знам. Секогаш верувам, но доколку се потпираме само на Халанд нема да ја освои ЛШ. Тоа што треба да го правиме е да играме добро, да создаваме шанси за да му помогнеме да постигнува голови и се надевам дека тоа ќе можеме да го направиме, изјави Гвардиола.
Актуелниот англиски првак вечерва со почеток во 21 часот го игра воведниот натпревар од новата сезона во групната фаза во ЛШ против Севиља на гостински терен. (МИА)