петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Игравме со болка од минатата сезона

Гвардиола: Игравме со болка од минатата сезона

Манчестер Сити го растури Реал Мадрид, а тимот на Пеп Гвардиола доминираше во текот на целиот меч.Според изјавата на Пеп Гвардиола по мечот, фудбалерите на Манчестер Сити имале дополнителена инспирација од минатогодишниот пораз од Реал Мадрид во Лигата на шампионите кога „граѓаните“ загубија добиен меч.

„Игравме со болка од минатата сезона“, рече Пеп Гвардиола по натпреварот.„Зборувавме пред да излеземе на теренот и им реков: „Сакате ли да играме против Интер или не? Запрашајте се самите. Ако играте 90 минути мислејќи дека сакате да играте против Интер, тогаш ќе го победите Реал Мадрид. Момците одиграа со дух.Ние четири години по ред го освојуваме Карабо Купот. Тоа е еден неверојатен детаљ за овој тим, кој значи дека ние сме скромни и секое натпреварување го сфаќаме сериозно“.

Пеп има големи пофалби за Бернардо Силва кој со двата гола во првото полувреме беше клучен за победата.

„Бернардо Силва е еден од најдобрите фудбалери кои некогаш сум ги видел во животот“, смета Гвардиола.