Tренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по победата над Брентфорд (2:0) остварена синоќа на домашен терен во 24. коло од шампионатот на Англија, ја истакна важноста на Жоао Кансело кој продираше по страничната линија.
– Тоа беше важна победа и освоени уште три бода кои не доближуваат до целта. До крајот на сезоната имаме уште 14 натпревари. Ријад Махрез беше добар, особено во шеснаесетникот, со кој се мачевме во претходните сезони. Жоао Кансело беше најдоброто крило, подобар од нашите крилни играчи. Беше навистина добар, тој и Стоунс, иако играа на бековските позиции, со своите продори им создадоа повеќе простор на другите момци, изјави Гвардиола за Би-би-си.
Манчестер Сити е лидер на табелата во Премиер лигата, со 12 бода повеќе од второпласираниот Ливерпул.