сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола ќе плати 100 милиони евра за дефанзивец

Гвардиола ќе плати 100 милиони евра за дефанзивец

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити сè уште е во игра за тројната круна, а тренерот Пеп Гвардиола веќе почнува да размислува и за летниот преоден рок и на врвот на листата со желби се наоѓа дефанзивецот на оваа екипа Јошко Гвардиол.

Англиските медуми пишуваат дека Манчестер сити планира да потроши над 100 милиони евра за да го купи фудбалерот на Лајпциг, но претходно Гвардиола ќе мора да се ослободи од неколку фудбалери.

Најверојатно од Сити ќе заминат Ајмерик Лапорт и Жоао Кансело, а од нивните трансфери екипата треба да заработи доволно пари за да може да покрие голем дел од отштетата за Хрватот.