четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Луѓето очекуваа дека со 0:5 ќе го победиме Лајпциг? Тоа не е реалност

Гвардиола: Луѓето очекуваа дека со 0:5 ќе го победиме Лајпциг? Тоа не е реалност

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е свесен дека нема да биде лесно во овој двомеч против германскиот клуб. Тој е задоволен од настапот на неговите играчи во текот на целиот натпревар, не само во првото полувреме по кое водеа со 0:1.

Шпанецот воедно имаше мала расправија со новинарот на кој му даваше изјава по натпреварот на „Ред Бул“ Арената во Лајпциг.

– Што очекувавте? Дека играме тука пријателски натпревар? Колку натпревари на Лајпциг сте гледале? Ве молам. Значи, луѓето очекуваат да победиме со 0:4, 0:5? Тоа не е реалност. Се извинувам, но не сме во можност тоа да го направиме. Ова е натпреварување што во групната фаза многу важни тимови беа елиминирани, и тешко е. Ние сме добар тим што прави многу добри работи и ќе продолжиме тоа да го правиме – рече Гвардиола.