понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола на фудбалерите на Сити им ја забрани божиќната прослава

Гвардиола на фудбалерите на Сити им ја забрани божиќната прослава

Фудбалерите на Манчестер сити не присуствуваа на клупската прослава на Божиќ, бидејќи тоа им го забрани тренерот Пеп Гвардиола.

Гвардиола не сака да му се повтори ланскиот случај кога за време на празниците, тимот бележеше слаби резултати, според тренерот, поради опуштеност и претерано славење. Прославата на Сити мораше да биде без играчите од првиот тим, кои се подготвуваат за неделниот дуел со Арсенал.

Во клубот има повеќе од 400 вработени, па Гвардиола им ја скрати можноста да се дружат со фудбалерите. Во моментов тимот има дури 14 бода помалку од Ливерпул, со речиси загубени шанси за одбрана на титулата во Премиерлигата.