четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола на операција, Манчестер Сити без него во наредните натпревари

Гвардиола на операција, Манчестер Сити без него во наредните натпревари

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола бил подложен на рутинска операција во Барселона со цел да се ослободи од болки во грбот.

Актуелниот англиски шампион објави дека Гвардиола имал успешна операција која била изведена во Барселона. Пеп ќе остане во Каталонија за подобра рехабилитација по оперативниот зафат.

Поради тоа Манчестер Сити ќе биде без него на клупата во наредниот период, а тимот ќе го води Хунма Лињо, така ќе биде се до враќањето на Пеп.

Според најавите Гвардиола на клупата би требало да се врати по репрезентативната пауза, односно некаде кон средината на септември.