недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола најплатен тренер во сите спортови во Англија

Гвардиола најплатен тренер во сите спортови во Англија

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола заработува 20 милиони фунти годишно, пренесува „Сан“. Според извештаите на медиумите, 48-годишниот Шпанец е најплатен стручњак во спортови во Англија.

Втор на оваа листа е со најплатените тренери е Маурисио Покетино од Тотенхем со 8,5 милиони.

Следува предводникот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Неговата плата е 7,5 милиони фунти годишно.

Во првите пет се и Јурген Клоп (Ливерпул) и Тото Волф, извршен директор на тимот на Формула 1 Мерцедес. И двајцата заработуваат по седум милиони.