Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го спореди значењето на претстојните натпревари со Клуб Бриж и Манчестер јунајтед.
-Мислам дека натпреварот против Клуб Бриж е многу поважен отколку против Јунајтед. Таа е нашата неверојатна шанса да се квалификуваме во плејофот од Лигата на шампионите. Има многу натпревари во Премиер лигата, само шест во [групата] на Лигата на шампионите, а останаа многу малку од нив, изјави шпанскиот стручњак.
Манчестер сити утре (3 ноември) ќе игра со белгиски Клуб Бриж, а в сабота (6 ноември) во градското дерби ќе се соочи со Манчестер јунајтед. (МИА)