сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола не е разочаран по елиминацијата на Сити од Лига купот

Гвардиола не е разочаран по елиминацијата на Сити од Лига купот

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не е вознемирен по елиминацијата на „Граѓаните“ од Лига купот.

Манчестер сити синоќа загуби на гости од Њукасл со 1:0 и не успеа да се пласира во осминафиналето на ЕФЛ.

– Дали мислите дека нашите цели беа четири титули. Тројна круна е повеќе од задоволителна за нас, изјави главниот тренер на Манчестер сити.

„Граѓаните“ трет пат по ред не стигнаа ниту до полуфиналето на ова натпреварување.

Минатата сезона, најуспешна во историјата на клубот, Манчестер сити ј аосвои Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА купот.