сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Не можеме да го задржиме Силва

Гвардиола: Не можеме да го задржиме Силва

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити изјави дека никој не можел да го убеди Давид Силва да остане во клубот.

На крајот на сезоната, по 10 години, Силва ќе го напушти Манчестер Сити. Тој има освоено четири титули во Премиер Лигата, два ФА Купа, пет трофеи во Лига Купот и три „Комјунити шилд“ трофеи.

Сити синоќа го совлада Борнемут со 2:1, а Силва постигна гол од слободен удар и му асистираше на Габриел Жесус при вториот.

– Тој реши да замине, тој го кажа тоа многу пати. Мислам дека сака да заврши по 10 сезони. Тој е во неверојатна форма откако се вративме по паузата. Одигра исклучително уште еднаш и беше стрелец повторно, тој постигна фантастични голови двапати по ред, рече Гвардиола, пренесе Би-Би-Си.

Гвардиола изрази надеж дека на крајот од кариерата, Силва ќе се врати во Манчестер на проштален натпревар.

Силва досега има одиграно 431 натпревар за Сити и постигна 76 гола. Од своето деби во Премиер лигата во август 2010 година, тој направи 93 асистенции.

Шпанецот имаше најмалку 10 асистенции во четири различни сезони, а само на Кристијан Ериксен му успеало тоа во последната деценија.

На 34 години и 189 дена, Силва е третиот најстар играч во Премиер лигата кој има 10 асистенции во една сезона, по Денис Бергкамп кој имаше 35 години и 263 дена во сезоната 2004/2005 и Паоло Ди Канио, кој во сезоната 2003 / 2004 година успеа во тој подвиг на 35 години и 262 дена.