четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Немој да го отпуштиш Потер

Гвардиола: Немој да го отпуштиш Потер

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен по втората победа на неговите фудбалер против Челси во само три дена а по натпреварот му даде поддршка на менаџерот на Сините, Греем Потер.

Граѓаните славеа со 4:0 и обезбедија пласман во четвртото коло од ФА Купот. Иако Гвардиола го промеша тимот, ги остави ѕвездите како Де Брујне и Халанд на клупата, без проблеми ги совлада Сините и тоа благодарение на двата гола на Марез, како и на Алварес и Фоден кои дадоа по еден.

„Се беше како што треба во нашата игра, од првата до последната минута. Игравме со вистинскиот интензитет, успеавме да обезбедиме пласман во следната рунда и задоволни сме“, рече Гвардиола. Имавме соодветен интензитет, минавме и задоволни сме“, изјави Гвардиола.

„Веќе му реков на сопственикот на Челси, мора да му даде време на Потер. Секој тренер мора да добие време и секој тренер заслужува да добие шанса. Јас во Барселона не добив две години само затоа што во тимот го имав Меси“, додаде Гвардиола.