среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Ништо не сме направиле додека не ја освоиме и Лигата на шампионите

Гвардиола: Ништо не сме направиле додека не ја освоиме и Лигата на шампионите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека им рекол на своите играчи да ја искористат шансата што се случува еднаш во животот.

„Граѓаните“ го победија Манчестер Јунајтед со 2-1 во првото финале на градските ривали од Манчестер во историјата на ФА Купот во саботата и додадоа втор трофеј оваа сезона, откако веќе ја освоија титулата во Премиер – лигата.

Следната сабота Сити може да ја освои и Лигата на шампионите доколку во финалето го победи италијанскиот тим Интер.

„Во моментов сме во позиција во која веројатно никогаш повеќе нема да бидеме“, изјави Гвардиола, кој го освои 11. трофеј како менаџер на Манчестер Сити.

„Сепак, ништо нема да биде готово додека не ја освоиме Лигата на шампионите. За да добиеме признание, мораме да го освоиме и тој трофеј. Да го освоиме ФА Купот е нешто посебно. Но, сега првпат зборувам за тројна круна. Тоа остварување е само еден натпревар далеку од нас“, изјави Шпанецот, кој постигна сличен успех за време на престојот во Барселона.

„Сега размислувам само што треба да направиме за да го победиме Интер. Многупати зборував со моите играчи. Мораме да заборавиме на оваа победа и да се фокусираме само на претстојниот натпревар против Интер“, додаде Шпанецот.