Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола предупреди дека на ниту еден ривасл не му е лесно кога гостува во Минхен. На средбата со новинарите по победата во дождливата вечер во Манчестер, каталонскиот тренер рече:
„Ова е неверојатен резултат, но јас многу добро знам што значи да се игра во Минхен. Мора да направиме нешто ново во реваншот. Ќе дадеме максимум за да се пласираме во полуфиналето.
Гвардиола вели дека голот на Родри бил иницијалната каписла за неговиот тим.
„Тоа беше неверојатен гол. Ни донесе многу и ни ја олесни работата. Фудбалерите на Баерн постојано се закануваа. Беше тешко да се контролираат нападите преку Мусиала и Гнабри. Беа особено опасни во првите 10-15 минути од вториот дел. Беа подобри од нас, имаа и шанси. Но, потоа се адаптиравме и во последниот дел од натпреварот бевме подобри“, рече Гвардиола.