Во пресрет на утрешниот дуел со Тотeнхем, тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, се потсети на непријатните моменти на летот од Лисабон по мешот од ЛШ против Спортинг , потенцирајќи дека анјзаслужен што работите минаа без инцидент е пилотот на авионот.
„Снимките од авионот беа пострашно од тоа што во прв момент помисливме дека ни се случи. Имаше турбуленција, но не беше така страшно. Во еден момент слетавме, а во следниот момент повторно се слушна моторот и пак бевме во воздух. Помислив, нешто се случува, но имавме пилот, кој е одлично обучен и навистина не смири во тој момент. Двапати се обидовме да слетаме во Манчестер, на крајот слетавме во Ливерпул, а пилотот беше фантастичен“, изјави Гвардиола.