четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Политичарите се неспособни, целосно неспособни

Гвардиола: Политичарите се неспособни, целосно неспособни

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред градската дерби пресметка со Манчестер јунајтед, зборуваше и за војната во Украина.Гвардиола ги обвини политичарите за кои смета дека се виновни за сè што се случува во Украина и во светот.

– Политичарите се тука за да се избегнат вакви работи, но сево ова се случува бидејќи тие се неспособни, целосно неспособни. Имаме војна бидејќи тие не се во состојба да направат нешто. Тоа се случуваше и во Сирија, Палестина, Југославија. Осум, девет дена има војна во Украина. НАТО и европските земји се целосно неспособни – изјави Гвардиола.

Менаџерот на „граѓаните“ зборуваше и за својот фудбалер, украинскиот репрезентативец Олександр Зинченко кој тешко го доживува тоа што се случува во неговата татковина.

– Загрижувачки е, ситуацијата е се полоша и полоша во Украина. Зинченко е вклучен во разни проекти за помош на својата земја. Понекогаш не информира за ситуацијата во Украина, тој знае многу повеќе од било кој друг. Семејството на Зинченко е во Украина, а ситуацијата е се полоша. Војната трае осум, девет дена, но за жал ќе потрае уште долго – додаде Гвардиола.