четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола потврди: Го напушта Сити во 2023 година, ова се неговите идни планови

Гвардиола потврди: Го напушта Сити во 2023 година, ова се неговите идни планови

Пеп Гвардиола потврди дека ќе замине од клупата на Манчестер Сити по истекување на договорот во 2023 година.

Во редовите на „граѓаните“ тој пристигна во 2016 година и освои три титули во Премиер лигата. Шпанецот истакнува дека по седум години во Сити сигурно ќе му биде потребен одмор.

-Мислам дека тоа е голем временски период. Вистински момент е да застанам, да направам пауза и да одлучам што понатаму. Би сакал во иднина да превземам репрезентација, во Европа или во Јужна Америка. Би сакал да учествувам на Европско првенство или Копа Америка. Тоа би било драгоцено искуство, вели Гвардиола.