Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за дербито на 21. коло од англискиот шампионат со Арсенал.
– Манчестер сити ќе игра против еден од најдобрите врвни клубови. Ова е најдобриот Арсенал во последните 4-5 години. Не можам а да не им честитам на ова, но не смееме да ја изгубиме концентрацијата, изјави Гвардиола за Би-би-си.
Да потсетиме дека на чело на лондонскиот клуб е Микел Артета, поранешниот помошник на Гвардиола во Манчестер сити.
Средбата е закажана за 1 јануари на стадионот „Емирати“ во Лондон.
По 20 кола од Премиер лигата, Манчестер сити е на врвот на табелата со 50 бодови. Арсенал е на четвртата позиција со 35 бодови.