Стратегот на актуелниот англиски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е прогласен за најдобар тренер во светот во изминатите 12 месеци во избор на специјализираното фудбалско списание „ФорФорТу“.
Гвардиола ја предводи листата од 50 тренерски имиња кои оставиле најголем печат изминатата година, а изборот е направен врз основа на нивните способности, како и врз основа на остварените резултати на нивните екипи.
Тренерот на европскиот и шпански првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти е на второто, додека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на третото место.
Меѓу првите десет најдобри тренери изминатата година во изборот на „ФорФорТу“ се Антонио Конте, Стефано Пиоли, Микел Артета, Томас Тухел, Грахам Потер, Жулијан Налгесман и Диего Симеоне.