Манчестер сити забележа победа над Фулам со 2:0 во 11-то коло од англискиот шампионат. Покрај освоените три бода, денешниот меч на „Етихад“ го одбележа и тренерот на домаќините Пеп Гвардиола кој не направи ниту една замена.
Шпанскиот фудбалски стручњак за прв пат на 416 натпревари не внесе на теренот ниту еден играч од резервната клупа.
Во моментов, Сити со 18 бода од 10 натпревари се наоѓа на 5.место на премиерлигашката табела. (МИА)