петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Силва беше во право што не ја додаде топката на Халанд

Гвардиола: Силва беше во право што не ја додаде топката на Халанд

Ерлинг Халанд кој ја отвори новата премиерлигашка сезона со два гола во победата на шампионот Манчестер сити на „Турф Мор“ кај Барнли (3-0) откри зашто Пеп Гвардиола му се дереше пред камери откако заврши првиот дел.

„Тоа беше поради последната акција. Јас малку полудев на Бернардо Силва зашто не ми додаде, па Гвардиола потоа полуде на мене“, рече Халанд.

И Гвардиола по мечот призна дека мил лут само поради тоа што Норвежанецот ама буквално на секоја акција барам да му додадат.

„Постојано само ја бараше топката и на две минути пред крајот кога Ковачиќ остана на загубена топка, Родри губи топка, а тој пак постојано дајте ми ја… Бернардо беше во право што не му додаде“, рече Гвардиола.