вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Титулата е во наши раце

Гвардиола: Титулата е во наши раце

Манчестер Сити ги освои трите бода во дерби пресметката со Арсенал (4-1) и со тоа се доведе во одлична позиција пред самата завршница во трката за титулата во Премиер лигата.

Сити и понатаму заостанува во однос на „топчиите“, има минус два во однос на лидерот, ама притоа има асови во раката, два натпревари помалку што значи дека се е во нивни раце, поточно се зависи од нив во овој момент.

– Одигравме добар натпревар од првата до последната минута. Уживаме да играме на домашен терен пред нашите фанови. Ни останаа седум натпревари до крајот. Сега се е во наши раце и не можеме да го изгубиме вашиот фокус. Реалноста е дека Арсенал сè уште е пред Сити, а од нашите следни три натпревари ќе зависи како ќе влеземе во финишот на сезоната. Кога ќе дојдете во ситуацијата да сè зависи од вас, тогаш мора тоа да го користите, – истакна Пеп Гвардиола.

– Овој натпревар не беше одлучувачки, но беше важен, не можеме тоа да го негираме. Сепак понатаму се сме два бода во минус. Треба да продолжиме на овој начин, не смееме да ја изгубиме концентрацијата. Мораме да се одмориме и да се подготвиме за Фулам, – подаде предводникот на составот од „Итихад“.