сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Треба да ги повториме успесите од минатата сезона

Гвардиола: Треба да ги повториме успесите од минатата сезона

Манчестер Сити имаше совршена натпреварувачка 2022/2023 во која ги освои трите најважни трофеи-Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Ова беше историска кампања, сезона која ќе се памети, но тренерот Пеп Гвардиола е свесен дека со успесите од минатото не се живее и веќе има јасно поставени цели за престојната 2023/2024.

-Не знам колку ќе бидеме доследни по постигнатото. Сепак ќе му кажам на тимот да не го заборави она што го освоивме, туку да се обиде повторно тоа да го направи – чекор по чекор. Се обидуваме да го најдеме нашиот стил, нашиот ритам и да се потсетиме каков тим сме, -порача Шпанецот.

„Граѓаните“ ќе ги продолжат подготовките за новата сезона каде првата битка за трофеј ќе ја имаат на 6 август против Арсенал во „Комјунити Шилд“.