сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Знаеме дека во Баерн веруваат дека можат да се вратат

Гвардиола: Знаеме дека во Баерн веруваат дека можат да се вратат

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека верува дека Баерн Минхен може да ја надополни негативата од првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во првиот меч, Сити славеше со убедливи 3:0, но и покрај убедливата предност, Гвардиола ги предупредува своите фудбалери да не се опуштаат.

„Работев во Баерн и го знам менталитетот на овој клуб. Го гледате насекаде, во нивната кожа е тој победнички менталитет. Знаеме дека веруваат дека можат да се вратат. И ние веруваме во тоа. Кога си во ваков клуб, веруваш дека сè може да се случи. Имаат историја со која пораснале. Поминав неверојатни три години, а клубот е фантастичен и имам многу пријатели тука“, изјави Гвардиола.