Францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј ја официјализира соработката со аргентинскиот тренер Хорхе Сампаоли до јуни 2023 година.
Аргентинскиот стратег ја презеде клупата која остана празна по оставката на Анде Вилаш-Боаш, а веќе в недела Сампаоли го очекува тежок меч.
Сампаоли ќе треба дебитира на мечот против Лион во недела навечер.
„Марсеј е клуб на луѓето и се совпаѓам во оваа жештина. Не дојдов тука да се кријам, туку да му помогнам на клубот. Не се двоумев да ја прифатам понудата, тука сум бидејќи Марсеј е многу стравствен клуб и одвај чекам да почнам со работа“, истакна Сампаоли за официјалната клупска веб-страница.
Олимпик Марсеј се наоѓа на осмото место на табелата во Лига 1 со 38 бода по 26 одиграни натпревари.