Алесандро Дел Пјеро наскоро би можел да биде назначен за нов спортски директор на Ал Наср.
Легендата на Јуве, официјално не му се вратил на фудбалот во ниту една функција откако стави крај на кариерата во 2015 година. Вообичаено се појавуваше во медиумите како критичар.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Дел Пјеро би можел да стане нов спортски директор на Ал Наср.
Клубот неодамна го именуваше поранешниот играч на Рома, Гуидо Фиенга за нов извршен директор, а тој го предложил Дел Пјеро за функцијата спортски директор.