петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

И Македонија го има својот Роналдо: Блажевски пред пет години во Турново постигна гол во стил на португалската ѕвезда (ВИДЕО)

Голот на Роналдо дури успеа да ги натера и фановите на италијанскиот великан да станат и да му аплаудираат, нешто што досеа се нема случено во Торино.
И Македонија го има својот Роналдо: Блажевски пред пет години во Турново постигна гол во стил на португалската ѕвезда (ВИДЕО)

Од вчера вечер после натпреварот меѓу Јувентус и Реал Мадрид, голот на Кристијано Роналдо со ножички е главна во спортскиот свет.

Многу спортски, не само фудбалски ѕвезди по социјалните мрежи го кажаа своето воодушевување од голот на Португалецот од Реал Мадрид.

Голот на Роналдо дури успеа да ги натера и фановите на италијанскиот великан да станат и да му аплаудираат, нешто што досеа се нема случено во Торино.

Сепак и во македонскиот фудбал пред 5 години падна гол сличен на оној кој вчера го постигна Кристијано Роналдо.

Во септември 2013 година, Дејан Блажевски тогаш најдобар играч во македонското првенство, постигна мајсторски гол во победата над Еуромилк.

Голот дури заврши и во шпиците на спортските медиуми ширум светот, беше во конкуренција за гол на неделата и тоа во конкуренција со легендарниот Роналдињо, кој имаше три од пет гола кои беа во конкуренција за најдобар.