четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Играчи на Сити и Јунајтед, плус Гвардиола си размениле жестоки зборови

Играчи на Сити и Јунајтед, плус Гвардиола си размениле жестоки зборови

Англиските медиуми јавуваат дека по крајот на денешната средба на „Олд Трафорд“ каде се сретнаа Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити имало и „трето полувреме“.

Имено,  по последниот судиски свиреж во тунелот на „театарот на соништата“ се случил мал инцидент кој лесно можел да прерасне во поголема пресметка.

Видно разочаран од резултатот, Џек Грилиш имал што да му каже на главниот судија на натпреварот, а потоа во разговорот се замешал и Хари Мегваер, по што настанала непријатната ситуација.

Во вербалната „војна“ се вклучил и Пеп Гвардиола кој исто така жестоко се обратил до Мегваер, но за среќа би избегнат поголем инцидент откако поголем дел од фудбалските чинители на двете страни ги смириле страстите.