Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, може да биде подложен на операција и да ги пропушти останатите месеци од оваа сезона, пишува „Кориере дело Спорт“.
Тој има проблеми со коленото и, според италијанските медиуми, Аргентинецот страда од болка од почетокот на сезоната. Сепак лекарите на Интер не дадоа конечен одговор дали Икарди да „легне под нож“ или не. Можно е тој да се откажеод идејата и да биде подготвен за игра за натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт на 7-ми март.
Во моментов се одвива вистинска сага околу напаѓачот и неговиот нов договор. Тој се уште се двоуми дали да парафира нов договор со Интер, што предизвика одземање на капитенската лента и последователно негово одбивање да игра за тимот.
Тој остана надвор од составот во 4 дуели (2 во Серија А и 2 во Лига Европа), во кои тимот има 4 победи.
Во меѓувреме Аргентинецот остана надвор од групата на „нероазурите“ и за претстојното дерби со Фиорентина вечерва.