недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Има 19 години и веќе 100 настапи за Баерн (М)

Има 19 години и веќе 100 настапи за Баерн (М)

Младиот и талентиран фудбалер од средниот ред на Баерн (М), Џамал ​​Мусиала, со само 19 години и 259 дена го собори рекордот на баварците по бројот на одиграни натпревари.

Тој стана најмладиот фудбалер од основањето на Бундеслигата кој стигнал до бројката од 100 натпревари за клубот од Минхен во сите натпреварувања.

Натпреварот на Баерн против Шалке вечерва од 15. коло од германскиот шампионат беше негов 100-ти во дресот на германскиот великан.

Мусиала оваа сезона одигра 14 натпревари во Бундеслигата и постигна 9 гола.