сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Инфантино: Најдобро СП досега

Инфантино: Најдобро СП досега

Ова е најдоброто Светско првенство (СП) во историјата на фудбалот, оцени денеска претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на конференција за новинари во главниот прес – центар во Доха.

-Зад нас се 62 натпревари без инциденти, атмосферата беше одлична. Првпат екипи од сите континенти се пласираа во осминафиналето, прв пат жена судеше натпревар на СП. Се приближуваме и до границата од пет милијарди телевизиски гледачи, рече Инфантино.

Тој во своето воведно излагање изнесе и неколку бројки. Досега натпреварите во Катар ги гледале 3,27 милиони навивачи, или во просек 52.000, а најголема посетеност донел натпреварот меѓу Аргентина и Мексико – 88.966 гледачи.

Следното СП ќе биде за четири години во САД, Канада и Мексико со 48 репрезентации.

Форматот на натпреварување треба да биде 16 групи со по три репрезентации, но Инфантино најави и можност за промена на системот во 12 групи со по четири репрезентации.