недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер доби засилување во пресрет на финалето од ЛШ

Интер доби засилување во пресрет на финалето од ЛШ

Италијанскиот фудбалски гигант Интер се подготвува за убедливо најголемиот предизвик сезонава. „Нераѕурите“ ќе играат финале од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, а денес тренерот Инзаги доби одлични вести кои сигурно го радуваат.

Станува збор за ерменскиот интернационалец Хенрик Михтарјан, кој неодамна се здоби со незгодна повреда, но сепак, тој ќе биде во комбинација за настап во финалето.

Михтарјан беше еден од клучните играчи во полуфиналето против градскиот ривал Милан, Ерменецот беше и стрелец на еден од головите, но исто така играше и во одлична форма последниов период. Клупските лекари најпрво стравуваа дека се работи за пукнат мускул на ногата, но допопнителните прегледи покажаа дека не е толку сериозно и затоа Михтарјан побргу се врати во тренажен процес.