Интер ја прекина серијата без порази на Јувентус во Серија А откако со 1-0 славеше на денешното дерби во Торино.
Јувентус создаде повеќе шанси, тргна на победа уште од самиот старт, но на крајот Интер беше тимот кој се радуваше на трите бода.
Клучниот момент се случи во финишот од мечот кога со помош на ВАР беше досуден пенал за Интер. Чалханоглу промаши во првиот обид, Счесни го одбрани неговиот удар, но пеналот беше преновен откако Де Лихт влезе прерано во шеснаесетникот. Чалханоглу повторно ја изведе најстрогата казна, овојпат прецизно за водство и победа на Интер од 1-0.
Во вториот дел Јувентус со сите сили се обидуваше да израмни, Закарија ја погоди и стативата од голот на Хандановиќ, а одлична шанса имаше и Влаховиќ.
Овој пораз значи и крај на реалните шанси на Јувентус за Скудетото, тие сега имаат седум бода помалку од Милан и Наполи, а росонерите имаат и меч помалку.