Манчестер Јунајтед неочекувано се вклучи во трката по ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез, објавија медиумите на островот.
Според „Телеграф“ Јунајтед дал понуда од 25 милиони фунти за чилеанскиот фудбалер за кого се веруваше дека е сигурно ново засилување за градскиот ривал Манчестер Сити.
Се претпоставува дека понудата кон самиот играч е дури и повисока од онаа на „граѓаните”. Пред неколку дена, беше објавено дека Санчез, чиј договор во Лондон завршува по крајот на сезоната, се согласил да премине во Сити за плата од 250.000 фунти неделно.
Манчестер Јунајтед им понуди на „топчиите“ можност да го добијат Хенрих Мхтарјан. Информацијата беше потврдена од „Скај Спортс“.