Јувентус ја победи Сампдорија со 2:0 синоќа на домашен терен во натпревар од 36. коло од Италијанското фудбалско првенство и го обезбеди шампионскиот трофеј.
Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо и Федерико Бернардески. Пред крајот на натпреварот, Роналдо промаши пенал.
Јувентус на две кола до крајот на сезоната во Серија А има 83 бода и е недостижен за конкурентите.
За „Старата дама“ ова е 36-та шампионска титула во Италија и деветта во низа.