петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус нема пораз од ноември, но победи на само еден од последните четири натпревари во Серија А

Јувентус нема пораз од ноември, но победи на само еден од последните четири натпревари во Серија А

Во 26. коло од италијанската Серија А, синоќа Јувентус на домашен терен одигра нерешено, 1:1 со градскиот
ривал Торино. Избраниците на тренерот Масимилијано Алегри ја продолжија серијата без пораз во италијанското првенство на 12 натпревари – седум победи, пет нерешени.

Последниот пораз беше на крајот на ноември 2021 година – дома од Аталанта (0:1). Сепак, на последните четири натпревари Јуве има само една победа и три нерешени.

Јувентус моментално е 4. на табелата со 47 бодови.

Следни натпревари на „Старата дама“ се на 22 февруари со Виљареал во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и 27 февруари со Емполи во домашниот шампионат.