среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус сака да го ангажира Де Хеа по завршувањето на договорот со Манчестер

Јувентус сака да го ангажира Де Хеа по завршувањето на договорот со Манчестер

Италијанскиот шампион Јувентус покажа интерес за голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа, пренесува „Фудбал Италија“.

Според достапните информации, Шпанецот одбива да го обнови договорот со Манчестер јунајтед и ќе стане слободен агент на крајот на сезоната.

Јувентус сака да го добие Де Хеа без обештетување и се очекува да направи прелиминарен договор со голамнот во јануари.

Доколку Де Хеа дојде во Јувентус, сегашниот голман Војчех Шчесни ќе го напушти Торино.

28-годишниот Де Хеа има одиграно четири натпревари за Манчестер јунајтед оваа сезона, прими четири гола и еднаш ја зачува мрежата „сува“.