Италијанскиот „Скај Спортс“ објави дека интерес за Ромелу Лукаку покажува Јувентус, чии претставници имале контакт со раководството на Челси и се распрашувале за сумата која треба да биде доволна за купување на напаѓачот.
Интер не успева да ги исполни финансиските очекувања на Челси и затоа не добива зелено светло за откупување на договорот на Лукаку, додека Јувентус можеби ќе се обиде да го искористи ова иако и самиот не е во најдобра финансиска ситуација.
Италијанските медиуми споменуваат и евентуална размена со доплата со Душан Влаховиќ, бидејќи Србинот котира одлично кај одговорните во Челси, но засега тоа се само комбинации и шпекулации.
Додека италијанските тимови се обидуваат да најдат ресурси, од позадина Ал Хилал ја следи ситуацијата и е подготвен да ги испорача посакуваните суми и за Челси и за Лукаку.