Капитенската лента што Кристијано Роналдо гневно ја фрли во Белград на мечот помеѓу Србија и Португалија се продаде на аукција за 64.000 евра, а парите ќе одат во фондот за лекување на шестмесечно бебе од Крагуевац.
Роналдо ја фрли лентата на тревникот откако во финишот на средбата со Србија не му беше признат регуларен гол што ќе донесеше победа на Португалија од 3:2.
Потоа го напушти теренот, иако мечот се уште не беше завршен. Лентата ја собра еден пожарникар, кој вообичаено работи на обезбедувањето на натпреварите на стадионот „Рајко Митиќ“ и потоа ја понуди на аукција за помош во лекувањето на Гаврило Ѓурѓевиќ, кој боледува од спинална мускулна атрофија.