Еден од главните фаворити за освојување на светската титула, репрезентацијата на Бразил следна пристигна во Катар. Со доаѓањето на „кариоките“ сега сите 32 селекции се во Доха и во близина на главниот град на Катар.
Бразилците ги завршија шестдневните подготовки во Торино и синоќа слетаа на аеродромот во Доха. Репрезентацијата е комплетна, нема повредени фудбалери, а Тите е меѓу ретките селектори кои не се одлучија да играат тест натпревар пред почетокот на првенството.
Денес петкратниот светски првак првпат тренираше во Катар, а премиерата на Мундијалот ќе ја одигра в четврток против Србија од 20:00 часот.
Бразилците последен пат се искачија на светскиот врв во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја откако во финалето ја совладаа Германија со 2-0.