Кристијано Роналдо со соочи со доста проблеми на клупски план во оваа сезона, не беше во прв план во Манчестер Јунајтед за да по крајот на овој прв дел „распали“ по клубот, менаџерот Ерик Тен Хаг со што најверојатно стави крај на престојот на „Олд Трафорд“.
Тоа прашање сигурено ќе биде решено во наредниот период, а во меѓувреме ветеранот и се посвети на репрезентацијата и на настапот на Светското првенство. Ова за него би требало да биде последен Мундијал и сигурно ќе направи се за да се претстави во најдобро издание, ама многумина не веруваат дека може вистински да блесне по се што помина минативе месеци.
Меѓутоа Кристијано никогаш не смее да се отпише и тоа најдобро го знае Икер Касилјас кој порача дека напаѓачот нема да биде само гостин во Катар.
-Изгледа како Роналдо да е дојден како гостин на СП. и луѓето не сметаат на него поради сите проблеми што ги има во Манчестер Јунајтед, но… Јас го имам како кандидат (за најдобар стрелец). Кога луѓето зборуваат за Крис, забораваат што направил. Ама тој не заборава, знае што има направено. Секогаш би го сакал во мојот тим. Кристијано сè уште има сила да игра на највисоко ниво, -порача Икер за „Марка“.
Португалија е во група со Уругвај, Гана и Јужна Кореја.