петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп не ветува титула во Премиер лигата

Клоп не ветува титула во Премиер лигата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се воздржа од храбри ветувања пред почетокот сезоната на Премиер Лигата.

„Црвените“ се многу активни на трансфер пазарот, но според германскиот стручњак, ова не е доволна причина за високи очекувања за тимот.

– Должен ли е Ливерпул да освои трофеј во новата сезона? Да, ќе речат луѓето, но не и јас. Не можам да давам никакви гаранции, но ги разбирам очекувањата, тие се нормални. Ние самите очекуваме нешто повеќе од минатата сезона. Сакаме да победиме, но не значи дека тоа ќе се случи. Факт е дека ние сме крајно амбициозни, рече германецот кој го изведе Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите во минатата сезона.

МИА