Германскиот фудбалер Џошуа Кимих, одлучи дефинитивно да се вакцинира, иако претходно го знаевме дека е антиваксер.
Тој на крајот од месец февруари ја примил првата доза на вакцината, а деновиве и втората.
За него доста се пишуваше низ германските медиуми, пред се затоа што отворено одби да се вакцинира. Баерн Минхен на почетокот одлучи да ги казнува своите фудбалери кои ќе завршат во изолација, а не се вакцинирани.
До сега на Кимих од платата му биле добиени 800.000 евра, а кога заболе од коронавирус на крајот од минатата година и кога претрпе сериозни проблеми со дишењето, дефинитивно го промени мислењето.
„Ми беше тешко да се носам со стравот и загриженоста со вакцинацијата, затоа бев неодлучен. Гледајки наназад, подобро ќе беше да се вакцинирам“, порача Кимих.
На ист став беше и Новак Ѓоковиќ, кој поради вакцината мораше да ја пропушти Австралија Опен, па останува да се види дали и тој ќе го промени ставот пред Ролан Гарос.