Германската фудбалска лига (ДФЛ) во петокот објави дека трите претстојни бундеслигашки натпревари на Херта Берлин се одложени поради четири позитивни теста меѓу играчите и клупските службеници.
На сите играчи, членови на стручниот штаб и вработените во клубовите им беше одредена мерка 14-дневна изолација, поради што беше одложено неделното гостување на клубот Берин во Мајнц, како и натпреварите Херта – Фрајбург и Шалке – Херта.
– Беше јасно дека вакво нешто може да се случи. Предизвикувачки е, но ќе видиме како ќе го прилагодиме распоредот, изјави извршниот директор на ДФЛ, Кристијан Зајферт, за Билд во емисија.
Херта е на 15-то место со 26 бода и се бори за опстанок во Бундеслигата.
Арминија има ист број бодови на 16-та позиција, а 17-от Келн има 23 бода.
Последен е Шалке со 13 поени.