вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ковач: Го добивме најтешкиот противник

Ковач: Го добивме најтешкиот противник

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, по добивањето на Ливерпул за ривал во осминафиналето од Лигата на шампионите, рече дека го добиле најтешкиот можен противник.

– Најтежок противник. Водечки во Премиер лигата и минатогодишни финалисти во ЛШ. Не очекуваат два исклучително тешки натпревари. Тие се еден од фаворитите за трофејот. Сепак ние сме Баерн. Реваншот е кај нас. Шансите за пласман понатаму ги оценувам со 50:50. Се надевам дека ние ќе поминеме, изјави Ковач.

Првиот дуел од осминафиналната пресметка меѓу Ливерпул и Баерн е закажан за 19 февруари на „Енфилд“, реваншот е на 13 март.

МИА