Кристијано Роналдо им соопштил на челниците на Ал Наср дека има намера кариерата да ја заврши во редовите на овој клуб.
Според актуелниот договор, Роналдо со Ал Наср има договор до јуни 2025 година, а тоа би било и датумот кога Португалецот ќе реши да ги закачи копачките на клин.
Медиумите во Саудиска Арабија пишуваат дека Роналдо веќе одлучил Ал Наср да биде неговиот последен клуб. Во јуни 2025 година, Роналдо веќе ќе има наполнето 40 години.