понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Крв на сите страни и 15 конци: Жиру доживеа страшен судар на мечот со САД (ВИДЕО)

Крв на сите страни и 15 конци: Жиру доживеа страшен судар на мечот со САД (ВИДЕО)

Среќа во несреќа може да се нарече ситуацијата во која главен актер беше Оливие Жиру на мечот меѓу Франција и САД.

Триколорите на овој натпревар ремизираа со 1:1, а нивниот напаѓач во 56-тата минута доживеа страшен судар глава во глава со американскиот стопер Мет Миазга.

Може да се каже за среќа бидејќи Жиру е дуел играч кој е навикнат на силни удари, но од овој некој послаб од него сигурно би поминал многу полошо.

Жиру доби превез околу главата откако му пукна аркадата, а Миазга остана да лежи прекриен со крв на тревникот.

Двајцата мораа да го напуштат теренот поради повреди, а од лекарските тимови дојде информација дека за среќа и двајцата се полесно поврдени.

За напаѓачот на Челзи Мундијалот не доаѓа во прашање, додека Миазга на главата доби 15 конци на главата и веројатно има потрес на мозокот.

Инаку, Американците први поведоа на натпреварот со голот на Џулијан Грин во 44 минута, прв гол кој САД некогаш и го дал Франција, резултат со кој се отиде на полувремето. Конечниот резултат 1:1 на 12 минути пред крајот реми донесе Килијан Мбапе.