сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Куман: Успех во Лигата на нациите би ни покажал дека одиме во вистинска насока

Куман: Успех во Лигата на нациите би ни покажал дека одиме во вистинска насока

Холандскиот тренер Роналд Куман е задоволен од учеството на „портокаловите“ во финалето на Лигата на нациите против Португалија.

– Не постои напнатост, задоволство е. Ова е многу полесно отколку натпревар за трето место, станува збор за поставување и менталитет. На почетокот на овој турнир, кога паднавме во група со Франција и Германија, никој не очекуваше да стигнеме до финишот. Сега сме на прво место. Знаеме што ни треба. Знаеме да играме добар фудбал и да се браниме. Евентуална победа во ова финале не е како на светско или европско првенство. Еден успех би ни покажал дека одиме во вистинска насока, рече Куман.

Тој зборуваше за ѕвездата на Португалците, Кристијано Роналдо.

– Не само Вирџил ван Дајк и Матаис де Лихт можат да го запрат Роналдо. Тој е доволно добар да се справи против навистина класа дефанзивци. Неговата класа е на исклучително добро ниво и понекогаш е тешко да му се спротивставиш, рече уште Роналд Куман.(миа)