сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Левандовски незадоволен од тактиката на Баерн и методите на тренерот

Левандовски незадоволен од тактиката на Баерн и методите на тренерот

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е незадоволен од главниот тренер на тимот, Јулијан Нагелсман.

Според новинарот на „Sport1.de“, Кери Хау, на 33-годишниот Полјак не му се допаѓаат тактиките и методите на работа на тренерот.

Во германските медиуми се почесто с епишува дека и челниците на тимот од Минхен постојано ја критикуваат тактиката што ја избира Нагелсман.

Воедно, играчите не се задоволни од тешките задачи на тренинзите кои ги задава 34-годишниот Германец.

По 29 кола во Бундеслигата, Баерн освои 69 бодови и се наоѓа на првото место во поредокот.  (МИА)