четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Левандовски втор пат по ред прогласен за играч на годината според „Тутоспорт“

Левандовски втор пат по ред прогласен за играч на годината според „Тутоспорт“

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар играч за 2021 година од страна на престижниот италијански спортски весник „Tuttosport“.

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоргињо беше втор во гласањето, додека напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси беше трет.

Добитникот на наградата го одреди жири составено од познати поранешни фудбалери, меѓу кои Андриј Шевченко, Лотар Матеус, Христо Стоичков, Емилио Бутрагењо, Павел Недвед, Лука Тони, Самуел Ето, Алесандро Костакурта, Едвин Ван дер Сар, Хуан Себастијан Верон, Руи Коста и други.

Левандовски втора година по ред ја добива оваа награда на „Тутоспорт“.  (МИА)